Речиси 150 милиони евра се очекува во наредните месеци да влезат во македонската економија преку кредитната линија на Европската инвестициона банка (ЕИБ), од кои 23 милиони треба да влезат до крајот на годината. Во најкраток можен рок ќе се повлечат средсва од кредитната линија од ЕИБ со цел да им помогнеме на малите и средни претпријатија. Очекуваме 23 милиони евра да бидат на располагање веќе до крајот на оваа година во функција на поддршка на ликвидноста и инвестиционите планови на македонските компании. Владата добила согласност и од комерцијалните банки и од претставниците на коморите овие средства, што ќе биде значајна инфузија за македонското стопанство, да се повлечат до крајот на годината. Постојат реални шанси најдоцна за два месеци да се повлечат дополнителни 20 милиони евра од кредитната линија на ЕИБ, со што се отвора можност вкупно 250 проекти на македонските компании да бидат финансирани со овие средства.
Речиси 150 милиони евра се очекува во наредните месеци да влезат во македонската економија преку кредитната линија на Европската инвестициона банка (ЕИБ), од кои 23 милиони треба да влезат до крајот на годината.
Ова денеска го објави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по седницата на Економскиот совет при Владата, на која присуствуваа и претставници на стопанските комори.
„Во најкраток можен рок ќе се повлечат средсва од кредитната линија од ЕИБ со цел да им помогнеме на малите и средни претпријатија. Очекуваме 23 милиони евра да бидат на располагање веќе до крајот на оваа година во функција на поддршка на ликвидноста и инвестиционите планови на македонските компании“, изјави Ставрески.
Тој рече дека владата добила согласност и од комерцијалните банки и од претставниците на коморите овие средства, што ќе биде значајна инфузија за македонското стопанство, да се повлечат до крајот на годината.
Ставрески информираше дека постојат реални шанси најдоцна за два месеци да се повлечат дополнителни 20 милиони евра од кредитната линија на ЕИБ, со што се отвора можност вкупно 250 проекти на македонските компании да бидат финансирани со овие средства.
„На тој начин ќе се создадат услови за повлекување на останатите 100 милиони евра за кои што веќе разговаравме со ЕИБ, рече Ставрески, додавајќи дека македонската влада за овие средства ќе испрати барање во првите шест до девет месеци од 2012 година.
„Во вакви услови, заради состојбите во европската економија кога банкарските кредити се поограничени, ова би претставувало голем придонес во функција на ликвидноста на економијата“, оцени Ставрески.
Тој информираше дека на денешната средба претставници на стопанските комори изнесле одредени идеи кои што ќе треба да бидат разгледни од страна на владата.
На средбата станало збор и за капиталните инвестиции, кои во првите 11 месеци од годината се за 17 отсто поголеми од истиот период лани.